Со особена гордост информираме дека учениците од ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ постигнаа одлични резултати на Државно првенство во пливање за средни училишта, достојно претставувајќи го нашето училиште со голем спортски дух, дисциплина и посветеност.
Под менторство на професорот Горан Стаменов, учениците освоија значајни пласмани во повеќе пливачки дисциплини и уште еднаш покажаа дека трудот, упорноста и тимската работа носат врвни резултати.
Најуспешни пласмани остварија:
🔹 Никола Велковски – 1 место на 100м краул и 3 место на 100м делфин
🔹 Давид Неделковски – 1 место на 100м делфин и 3 место на 100м краул
🔹 Давид Јовановски – 1 место на 100м грбно и 4 место на 100м краул
🔹 Андреј Калкус – 2 место на 100м краул и 2 место на 100м делфин
Одлични настапи имаа и:
🔹 Петар Цеков
🔹 Никола Мојсовски
🔹 Андреј Мишевски
🔹 Јана Велковска
🔹 Давид Петровски
🔹 Тодор Тасевски
🔹 Теодор Тасевски
🔹 Ристо Ангелковски
Нивните резултати се доказ за квалитетната работа, континуираните тренинзи и големата љубов кон спортот.
Им честитаме на сите ученици и на професорот Горан Стаменов за успешното претставување на училиштето и им посакуваме уште многу спортски успеси во иднина! 🏅👏


